Вучиќ: Името на новиот српски премиер ќе се знае за три недели

од Vladimir Zorba

 

Актуелниот српски премиер и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека името на неговиот наследник на премиерската функција „ќе биде познато на 11, 12 или 13 јуни“.

Како што јави Танјуг, Вучиќ нагласи дека во игра за нов прв човек на српската Влада не се само трите имиња кои се спомнуваат во медиумите, туку дека се разгледуваат многу повеќе кандидати.

Српските медиуми изминатите денови објавија дека најсериозни кандидати за нов српски премиер се заменик-премиерот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Бранабиќ и министерот за финансии Душан Вујовиќ.

Вучиќ денеска најави дека ќе ја преземе должноста претседател на Србија на 30 или 31 мај, но дека официјалната свеченост на неговото стапување на должноста ќе се оддржи по 20 јуни.

– Стапувањето на должност е свечен чин со кој ќе означиме нова политичка ера. Тоа ќе се случи по 20 јуни, изјави Вучиќ./МИА

Слични содржини