Вучиќ нема мнозинство – проблеми за изборот на Брнабич за премиер

од Vladimir Zorba

Српската напредна партија / СНС / на претседателот Александар Вучиќ има сериозни проблеми при обезбедувањето на потребното мнозинство во парламентот за избор на новиот премиер Ана Брнабич. Ова го пишува белградското списание “Блиц” и истакнува дека поради оваа причина ќе биде одложена седницата на Собранието, на која треба да биде избрана Брнабич.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ / СНС /ја  потврди оваа информација и прецизира: “Претседателот Вучиќ и СНС се соочуваат со проблемот за обезбедување на мнозинство во парламентот. Се наоѓаме во тешка ситуација за гарантирање на стабилно мнозинство. Оваа недела ќе ја искористиме за да го добиеме тоа мнозинство. Со сигурност можам да кажам дека 7 пратеници од партијата “Единствена Србија” ќе гласаат “против”, за исто  толку пратеници од СНС не е јасно како ќе гласаат. Против Брнабич ќе гласа и Муамер Зукорлиќ “, рече Стефановиќ.” Поради оваа ситуација во текот на целата недела Вучиќ и СНС ќе работат на зајакнување на мнозинството “, појасни тој. “Ако успееме да го гарантираме мнозинството може да очекуваме новиот премиер да биде избран следниот викенд”, истакна Небојша Стефановиќ. Според него Вучиќ е категоричен во својата поддршка за Брнабич и нема намера да го менува својот избор, бидејќи “тука не станува збор само за поддршката за Ана Брнабич, туку  и за самиот Вучиќ”.

“Многу е важно Србија да добие нова влада во законскиот рок … разговарам со претседателот Вучиќ. Најважно во моментов е да гарантираме стабилно мнозинство во парламентот, што треба да овозможи продолжување на започнатите реформи. За мене лично, тоа е уште едно доказ дека за Вучиќ интересот на Србија е на прво место. Поради граѓаните тој е подготвен да ги менува работите во нашата земја “, рече од своја страна самата Ана Бъжрнабич.

Локално.мк потсетува дека Вучиќ, кој стапи на должност како претседател на 1-ви јуни ја предложи Ана Брнабич за иден премиер. Во моментов таа е министер на државното управување. Таа не е член на СНС и тоа предизвика тензии во партијата. Брнабич не крие дека е со нетрадиционална сексуална ориентација. Таа завршила маркетинг во Велика Британија. Има над 10 години искуство со меѓународни организации и странски инвеститори, како и во локалната самоуправа. Кандидатурата на Брнабич треба да биде одобрена од парламентот со просто мнозинство. Лидерот на “Единствена Србија” Драган Марковиќ, кој е во коалиција со Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ категорично ја отфрли можноста да гласа за Брнабич.

Во 250-члениот парламент Коалицијата на Напредната партија има 131 мандати / СНС 96 Социјалдемократска партија на Србија 10 и Партијата на обединетите пензионери 9, Нова Србија 6 /. Коалиција на социјалистите 29 / Социјалистичка партија на Србија и Единствена Србија /. Српска радикална партија 22. Коалицијата на Демократската партија 16. Коалицијата ПСД-ЛДП-ЛСВ 13. малцинските партии имаат десет мандати.

Слични содржини