Вучиќ парадира: Насекиран за Македонија, тој борбената готовност ја подигнал таму каде што треба !?

од Vladimir Zorba

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, вчеравечер по седницата на Бирото за координација на службите за безбедност на Србија, посветена на ситуацијата во Македонија, порача дека Србија е мирна и стабилна, но и дека е подготвена да одговори на секој предизвик. Тој појасни дека се направени некои тактички промени на безбедносните сили и дека е подигната борбената готовност таму каде што треба.

Српскиот премиер смета дека Србија дејствувала смирувачки кон сè што се случува во Македонија.

– Повикавме на мир во Македонија оти тоа се однесува и на нас – вели Вучиќ, нагласувајќи дека Србија за Македонија во минатото направила повеќе од другите соседи, иако не ѝ било секогаш вратено со иста мера.

Тој рече оти видел колку луѓето во Србија се исплашиле поради случувањата во Македонија и истакна дека Србија нема да дозволи прогон ниту истребување на дел на својот народ на која било територија.

– Никого никогаш нема да го гибаме, ги почитуваме интегритетите и на БИХ и на Хрватска и на Македонија и на Албанија… Убеден сум дека нашата сила и нашата одбранбена моќ ќе бидат пропорционални на нашата економска соработка – раскажува  српскиот премиер на нарачаните новинарски прашања.

Слични содржини