Вучиќ: Подговени сме за компромис за Косово, но не и за понижување

од desk2

Поддршката на европскиот пат на Србија, регионалната безбедност и односите со Косово беа главна тема на разговорие во Белград на американскиот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел со српскиот претседател Александар Вучиќ.


– Постои голема подршка од САД, како и одговорност за лидерите во регионот, за стабилност и за евроатланските интеграции, изјави Вес Мичел на прес-конкференцијата по средбата со Вучиќ.
Тој нагласи дека постојат нови можности за напредок што била и неговата порака до Приштина за давање повеќе фокус за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

– САД го подржуваат дијалогот под покровителство на ЕУ за Косово и ги повикува двете страни во целост да ги спроведат сите превземени обврски. САД сакаат да помогнат да се пронајде едно големо решение и ние сме тука да помогнеме и да бидеме креативни, изјави Вес Мичел, додавајќи дека „САД се внимателни кон одредени еднострани решенија кои можат да доведат до нестабилност на регионот“.

Во врска со пчановите за формирање на Косовските вооружени сили, американскиот помошник-државен секретар изјави дека „САД ја признале независноста на Косово, го подржуваат Косово и неговото право да има професионални сили за безбедност, вклучувајчи ги во нив и Србите од Косово и никој нема право да му става вето на Косово да ги развива таквите структури“.
– Но, за тоа е потребноа измена на косовскиот устав, што не е лесна задача. Треба да постои таква можност и да се направи на вистински начин, додаде Мичел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази благодарност до Мичел „што ги ислушал позициите на Србија за Косово, кои се сосем различни од оние на САД“.
– По многу прашања не се согласуваме, не сме согласни и за прашањето за формирање на Косовските безбедоносни сили за што не постои меѓународен правен докумет кој ова би го поткрепил, но се согласуваме дека треба да го сочуваме мирот со Албанците и да ги продолжиме разговорите под покровитеслтво на ЕУ, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека Косово е најтешката препрека на Србија на европскиот пат и таа е подготвена да разговара за можните компромиси, но неприфаќа нејзино понижување.

– Србија од Бриселскиот договор ги исполни сите свои обврски-и за правосудството и прашањето за полицијата, цивилната заштита и прашањето за телекомуникациите, а од друга страна Албанците имаа само една обврска – а тоа е формирањето на Заедницата на српски општини, која не ја исполнија, изјави Вучиќ и констатираше дека „е убеден оти од таа работа нема да има ништо“, бидејќи ако „сакаа досега во овие пет години таа обврска ќе ја исполнеа“.

Тој истакна дека без САД неможе да се реши косовското прашање и другите проблеми во регионот. – Ние ги искажавме нашите ставови, бевме ислушани и овој разговор е важен чекор напред за нас, бидејќи сакаме добри односи со САД, констатираше Вучиќ.
Мичел во Белград разговораше и со српската премиерка Ана Брнабиќ, како и со дел од опозициските лидери, по што ја продолжува балканската турнеја во Атина и Никозија.

Слични содржини