Вучиќ со гостите во Вила “Мир”

од desk3

Претседателот на Србија Александар Вујчиќ одржува низа билатерални состаноци со представниците на бројните држави и организации во Вилата Мир. Вучиќ се сретна со претседателот на Владата на Република Габон  Emanuel Isozem Ngondem. Разговарал со словенечкиот претседастел Борут Пахор, а пред нив Вучиќ се сретнал со потпретседателот на Постојаниот комитет на Свекинскиот народен конгрес на НР Кина Đi Bingsjun. Александар Вучиќ билатералните средби ги започна утрово со потпретседателот на Владата на Руската Федерација Дмитриј Рогозин. 

Вучиќ констатирал дека со тоа што рускиот претседател Владимир Пути го одредил Рогозин да ги пренесе поздравите и честитките сведочи за почитувањето на Србија и за подготвеноста на двете земји да одржуваат континуиран дијалог кој придонесува за развојот на политичките односи на двете страни.

Вучиќ укажа дека евроинтеграциите се стратешка определба на Србија, но тоа не смее и нема да ги поремети добрите одоси со Русиа, што подразбира и не воведувањет на санкции. Разговорот се однесувал и на војно – техничката соработка, а Вучик се заблагодарил на добриот аранжман за набавка на војна опрема која на војската на Србија и ја овозможува неопходната модернизација .

 

Според последните информации. Рогозин очекува до таа испорака да дојде во многу краток рок, се наведува во соопштението. Рогозин предложил и соработка во воздухопловната индустрија. Во разговорот е предложено Србија и Русија следната година заедно да ја одбележат 75 годишнината од Сталинградската битка, битна за пресвртот во Втората светска војна.

 

На пладне Вучиќ ќе се состане со Владимир Колтовиќ, министер за антимонополско регулирање и трговија на Република Белорусија, а потоа ќе разговара со Ендру Лесли, парламентарниот секретар на Канада за односи со САД.

Вучиќ попладне ќе се сретне и со Колина Грабар Китаровиќ претседателката на Хрватска а потоа и со членовите на Председателсово на БиХ. Последната билатерална средба ќе ја има со комесарот за проширување и добрососедство на ЕУ,  Јоханес Хан.

Свечениот прием по повод стапување на должност претседател на Републиката Александар Вучиќ ќе биде одржана вечерва во Палата Србија во 18 часот.

Слични содржини