Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека првиот човек на САД, Доналд Трамп ја прифатил неговата покана да ја посети Србија, јави Танјуг.

– Кога му ја упатив поканата, детално образложив зошто сметам дека е важно да дојде во Србија. Зборував за односот на сите граѓани на Србија кон него и кон американската политика, како ќе го пречекаат луѓето во Србија, зошто е тоа важно, како и дека неговата посета би покажал колку Србите го сакаат тоа пријателство, рече Вучиќ.

Претходно, српската телевизија О2 јави дека Вучиќ му ја упатил поканата на Трамп за време на синоќешната вечера што американскиот претседател и неговата сопруга ја организираа за шефовите на држави или влади, учесници на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Вучиќ изјави дека на средбата со Трамп многу кусо разговарале за политика, но дека сепак на својот соговорник му пренел се што сакал да му каже во врска со Србија./MIA

Слични содржини