Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој е избран за претседател на земјата, изјави денеска дека во април нема буџетскиот дефицит и ако таа тенденција продолжи ќе се отвори можност за зголемување на платите и пензиите во државниот сектор. 

На прес-конфренцијата во Белград Вучиќ истакна дека во моментов во буџетот има суфицит од 16.396.400 евра, потсетувајќи дека во годишниот буџет и во планот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е предвиден 53 или 54 милијарди динари дефицит( околу 35 милиони евра).

Тој додаде дека со поголеми приходи и пониски расходи државата во првите четири месеци од годината успеала да спаси 470 милиони евра.

Вучиќ нагласи дека сега земјата може да инвестира и да стимулира развој на одбранбената индустрија.

– Ако продолжиме вака ќе можеме да ги зголемиме платите на војниците и полицијата, а за прв пат и на вработените во државниот сектор и во државната администрација, наведе Вучиќ.

Тој објасни дека е планирано и зголемување на пензиите, посочувајќи дека зголемување за само еден процент ја чини државата 40 милиони евра.

Слични содржини