Вучиќ: Вистински се плашам од новиот миграциски бран, некои земји од регионот ќе паднат

од Vladimir Zorba

Сеуште не сум добил доволно убедливо решение за справување со миграциската криза. Светот повеќе се занимава со последиците, а не со побарувачката на решение. Ова го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за време на самитот во Давос.

За прв пат сум загрижен од тоа што ќе се случи, рече Вучиќ и потсети дека доаѓа пролет и според него некои земји од Централна и Западна Европа многу брзо донесуваат одлуки за затворање на границите. “Тоа ќе значи крај на Шенген, крај за слободно движење на луѓе, стоки, капитал, што од своја страна целосно ја менува економската средина”, изјави српскиот премиер и истакна дека одделни држави со оградите, заградените  ѕидовите се надеваат да го решат проблемот, но тоа може да доведе до поголеми проблеми во регионот. “Но не и во Србија, бидејќи имаме сили да се зачуваме и заштитиме. Се плашам дека, сепак, во регионот ќе дојде до поголеми проблеми”, истакна Вучиќ и појасни дека “српската економија не може да издржи повеќе и  голем број на бегалци …. Србија може да прифати 1000, 2000 до 5000 бегалци, но не и повеќе, бидејќи економијата нема да издржи “, рече уште премиерот. За Србија е многу важно што ќе направи светот по прашањето за миграциската  криза, бидејќи конфликтите се зголемуваат, Исламска држава превземаа повеќе територии, што пак ќе доведе до повеќе бегалци. А, овие луѓе гледаат во Европа најдобро место за живеење. Србија, која се наоѓа на “Балканскиот пат”, треба да прифати најдобар можен начин дел од овие луѓе, но прашањето е дали таа може да го  поднесе овој товар на својот грб, рече тој.

Вучиќ најави дека  разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас по оваа прачање кое го  имал “идеи и начин за решавање на кризата, што беше едно од можните решенија”. “Дали Турција ќе го прифати и дали тоа е можно, ќе видиме, но не сум голем оптимист”, рече Вучиќ и соопшти дека Ципрас ќе ја посети Србија и двајцата ќе разговараат ова прашање.

Локално.мк потсетува дека во јули минатата година властите во Белград создадоа заеднички воено-полициски патроли кои ги чуваат границата со Бугарија и Македонија против илегалните мигранти. Според официјалните податоци на овие патроли спречиле обидите на над 13 000 илегални мигранти да влезат од Бугарија во Србија. Во овој период се приведени десетици шверцери на луѓе, вклучувајќи и бугарски граѓани. “Балканскиот пат” беше затворен во почетокот на месец март минатата година. Во моментов во Србија има околу 6 000 мигранти. Дел од нив живеат во ужасни услови околу централната станица во Белград.

Слични содржини