(ВУЧИЌ) Вучиќ: Нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

од desk2

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските бидејќи, како што рече, за тоа нема причина.

Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција на претседателските избори, за Радиотелевизија на Србија (РТС) рече дека не постојат причини за одржување на вонредни парламентарни избори.

– Србија е стабилна економија. Потребен е пораст, сериозност, одговорност. Србија има стабилно мнозинство за да функционира – изјави Вучиќ.

Во јавноста во Србија изминатите неколку дена се шпекулираше со можноста за одржување на вонредни избори по само една година, а тоа го бараа повеќе опозициски партии, но и некои од помалите партии од владејачката коалиција.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, кој е дел од владејачката коалиција, вечера изјави дека во Србија постои политичка стабилност и дека не се потребни никакви нови парламентарни избори.

Претседателските избори во Србија треба да бидат распишани најдоцна до 3 март, а ќе бидат одржани, најверојатно, во текот на април.

Мандатот на актуелениот претседател на Србија, Томислав Николиќ, му истекува на 31 мај./извори Мета видео РТС

 

Слични содржини