128
Српскиот премиер Александар Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница на 11 јули, одлучи едногласно Владата во Белград на вчерашната седница.
Одлуката ја соопшти лично премиерот Вучиќ, истакнувајќи дека „Србија е подготвена на помирување, но не и на понижување“.
На прашањето дали постојат некакви услови кои се потребни за негово заминување во Сребреница, тој нагласи дека доколку се мисли на безбедносни услови тогаш не е заинтересиран за тоа.
– Мене не ме интересираат безбедносни услови. Важно ми е што мислат за тоа Ќамил Дураковиќ, Мајките на Сребреница и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, додаде Вучиќ./МИА