Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека нема намера да ги коментира провокациите од албанските политичари, бидејќи за Србија е важно да биде столб на стабилноста и оти секогаш ќе има рационален и одговорен пристап.

– Од мене нема да слушнете лоши зборови за нив, херојски изјави за внатрешна употреба, туку рационален пристап, изјави Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека Албанија и Косово ќе се обединат.

Тој додаде дека разговорите со албанскиот претседател Рама и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе бидат тешки, но дека нивна работа е да разговараат и да доаѓаат до решенија.

Слични содржини