Претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ упати денеска до Хашкиот трибунал протестна нота поради непримерен однос спрема државата, јави Танјуг.

vucic

Премиерот му порачува на Хашкиот трибунал да ја почитува Србија. Тој нагласува дека Хаг применува двојни аршини.

– На Србија не и се дозволува некои случаи да ги води пред национални судови, додека други држави добиле таква согласност, наведува Вучиќ.

Хашкиот трибунал не одговорил на допис од Владата на Србија од октомври 2015 година поранешниот генерал на Војската на РС, Здравко Толмир да биде пуштен заради лекување на привремена слобода. Вучиќ потсетува и на сите дописи кои Србија ги упатила како гаранција за пуштање на привремена слобода на обвинети поради лекување, а на кои Трибуналот не одговорил позитивно./МИА

Слични содржини