Вулин му врати на Тачи: Нема војска на Косово, сите да се држат до меѓународниот договор

од desk3
Србија очекува од сите да се држат до одредбите на меѓународното право и договор кој е потпишан и кој гарантира мир и сигурност на просторот на Косово и Метохија, соопшти денеска министерот за одбрана Александар Вулин по најновата изјава на косовскиот претседател Хашим Тачи. 
– Косовска војска нема да биде формирана на просоторот на Косово и Метохија, на просторот на таа српска покраина е само една вооружена сила а тоа е КФОР. Јас и во седиштетот на НАТО алијанската вчера реков дека за нас е апсолутно неприфатливо формирање на војска на Косово и дека и ние нема да се држиме до Резолуцијата 1244 и Војнотехничкиот договр, рече Вулин.

За време на престојот во Њујорк, Тачи во интервју за РТВ 21 на албански јазик рече дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и дека на никој нема да му биде дозволено тоа да го блокира, и дека условите од Српскиот список за ова прашање никогаш не биле дел од преговорите.

-Кога Тачи не знае како да ја образложи високата невработеност на Косово и Метохија, и зашто илјадници луѓе бегаат од јужната српска покраина, или зошто мора да ги спроведе одредбите од Бриселскиот договор, кои секако работат против независноста на Косово и Метохија, тој се сеќава на  косовска војска. Тоа му е начин да биде храбар, да биде голем, но суштински тоа е уште еден начин да зборува за она што нема да се случи, рече Вулин.

 

 

Слични содржини