ВВС на САД се навредени од однесувањето на руските „невидливи авиони“ во Сирија, F-22 Raptor не може да следи руските авиони

од desk4

 

Американските борбени авиони од 5-та генерација F-22 Raptor не можат да го следат движењето на руските авиони Су-30С и Су-35 на небото над Сирија. Ова го соопштил за Aviation Week командантот на 95-та експедициска ловечка ескадрила, базирана во авиобазата Ал-Дафра во ОАЕ.

Неименуван американски полковник раскажал дека за пилотите на САД е непријатена појавата кога руски борбени авиони ќе се појават пред американските летала. Колку повеќе се стеснува обрачот околу терористите, толку често се случуваат такви ситуации.

При тоа F-22 нема сет на сензори за идентификација на авионот, кој се појавува ноќе. Според Aviation Week, авионот несомнено е многу силен, но во процесот на експлоатација се пројавиле и негови слабости: несовршенство на електрониката и мал капацитет на гориво.

Освен тоа пилотите на Raptor се соочуваат и со некои други непријатности, на пример, авионот е лишен од можноста да разменува информации преку тактичкиот систем Link 16. Затоа пилотите морале да ги опишуваат сцените преку радио односно она што го гледаат.

Друг проблем е недостатокот на систем за таргетирање. Операцијата во Сирија  покажа дека скапиот систем за скришна-покриеност на ловците прегорува од сонцето и песокот, кои му се непријател. Затоа во 2011 година производството е запрено по 166-тиот примерок и тоа оди во корист на F-35.

Raptor не ги гледа целите во инфрацрвениот спектар. Не постои радар за странично следење. Тие му се потребни, бидејќи за ставање на ракети настрана треба да се движи и да го смени курсот за 90 степени.

Недостатокот на овие системи е поврзан со ограниченото финансирање. Порталот War Is Boring соопштил дека во проектот била поставена електроника за 16 милиони долари., Но ВВС утврдиле лимит од 9 милиони долари. F-22 Raptor е развиен од компаниите Lockheed Martin, Boeing и General Dynamics и е усвоен како оружје во 2005 година и ќе се задржи се до 2040 година.

Слични содржини