Распространувањето на Windows 10 ќе започне на 29-ти јули годинава, откако конечно Microsoft објави детали како точно ќе протече сè. Излегува дека сепак обичниот корисник ќе мора да почека.vindous10

На 29-ти целосната верзија на Windows 10 ќе ја добијат корисниците, кои сега се во програмата Windows Insider и ги тестираат пробните верзии на оперативниот систем во моментов. Потоа преку нив ќе почне анализа на оперативниот систем Windows 10 преку покана, која треба да добиле во изминативе неколку недели.

Системите кои ги исполнуваат барањата за бесплатна надградба, ќе го повлечат Windows 10 автоматски во деновите по 29-ти и ќе го известат корисникот, кога сè е подготвено за инсталација. Во случај на откриени проблеми, корисникот ќе биде известен и советуван како да ги реши. Microsoft не дава конкретни рокови колку долго ќе потрае сето ова, но прецизира дека постепено ќе го забрзува темпото.

Во тоа време производителите на уреди ќе ја добијат конечната копија на Windows 10, за да можат да го инсталираат на новите уреди, кои ќе почнат да се продаваат. Компанијата ќе ги слуша коментарите на сите корисници и компании кои веќе ја користат платформата и ќе ги отстранува проблемите, но и ќе ги вградува корекциите веднаш, кои ќе се рефлектираат во новите апдејти за Windows 10.

Бизнис верзиите на Windows 10 и Windows 10 Education ќе бидат достапни од 1-ви август. Единствено Windows 10 Pro ќе се нуди уште од 29-ти јули.

Слични содржини