WP раскажа како САД пропуштија можност да ги поправат односите со Русија

од Vladimir Zorba

Односите меѓу Русија и САД сега може да се дефинираат само како “напнати“

Пред 15 година Русија и САД открија тесна соработка за безбедносните прашања, сепак можноста е изгубена  и сега руско-американските односи достигнаа најниската точка, пишува The Washington Post.Тогаш Москва му  помагаше на Вашингтон во борбата против тероризмот, обезбедувајќи на предводена од САД коалиција во Авганистан материјално-техничка помош и разузнавачки податоци за отстранување на талибанците од власта.

Неколку месеци подоцна Вашингтон најави излегувањето од Договорот за ПРО, а потоа САД најавија дека ќе ги прифатат балтичките земји во НАТО во 2008 година , се истакнува во публикацијата.

“Претседателот Џорџ Буш сакаше да ги подобри односите со Русија, но министерот за одбрана Доналд Рамсфелд и други лица во администрацијата на Буш не ја делеа оваа желба – тие имаа други приоритети како ПРО, проширувањето на НАТО и војната во Ирак” – се вели во публикацијата. Тогаш во Москва сфатија дека Вашингтон не е подготвен да соработува со еднаква основа.

“Портокаловата револуција” во Украина стана пресвртна точка во американско-руските односи поради мешањето во украинските избори.

Следен удар стана инвазијата на НАТО во Либија во 2011 година и смртта на Моамер Гадафи – тогаш рускиот претседател ги нарече овие активности на Алијансата “грубо прекршување” на меѓународното право.

Во врска со ситуацијата во Украина и несогласувањата во врска со Сирија односите меѓу Русија и САД може да се дефинираат како “напнати”, се вели во публикацијата. Високи американски службеници сепак не сметаат дека започнува “нова студена војна”.

Слични содржини