Xinhua: Над 120 лица се водат за исчезнати поради свлечиште во југозападна Кина

од desk3
Спасувачкиот  штаб, кој беше формиран поради свлечиште во кинеската провинција Сечуан изјави дека свлечиштето уништи 62 дома, а повеќе од 120 лица се исчезнати, пренесува Xinhua .
Свлечиштето  од високиот дел на планина во Тибет во автономната префектура Аба, ја уништи населбата Синмо во округот Маосијан.
Провинциската влада прогласи највисок степен на тревога при катастрофа, и испрати спасувачки единици на местото.
Во моментов повеќе од 1.000 луѓе со специјални детектори го скенираат теренот за да најдат  преживеани.
Свлечиштето е предизвикано од поројниот дожд.

Слични содржини