Првата трансплантација на цело тело, при што нечија глава може да се пришие кон телото на донатор, може да се случи за само 2 години, тврди храбар хирург.133dbb98-5639-4c5a-ac9f-028d2521016a-1020x612

Серџо Канаверал од торинската група за напредна невромодулацика во Италија верува дека методот може да го спаси животот на болните од рак, или луѓе чии нерви и мускули се атрофирани, соопшти списанието “Њу Сајантист”.

Таква операција била извршена во 1970 година со ограничен успех на мајмун. Тогаш хирурзите не го соединениле ‘рбетниот столб и животното не можело да се движи. Мајмунот живеел само 9 дена, додека имунолошкиот систем на неговото тело ја отфрлил главата.

“Мислам дека сме достигнале време кога сите технички аспекти се можни. Ако општеството не го сака, нема да го направам тоа. Но, ако луѓето во САД или Европа се против, тоа не значи дека нема да го направиме на друго место. Се обидувам да одговарам правилно на  тоа, но пред да направиш што и да е, прво треба да се увериш дека луѓето ќе те следат “, изјави г-дин Канаверал.

Други хирурзи сепак се скептични.

“Тоа е толку голем проект, можноста тој да се оствари е ништожна. Не мислам дека ќе профункционира, има премногу проблеми со оваа постапка”, изјави Хари Голдсмит, професор по неврохирургија на Калифорнискиот универзитет.

Патриша Скрипко, невролог од болница “Салинас Рејн”, исто така, има сомнежи дека операцијата е можна, но вели: “Ако воопшто може да се накалеми глава, тоа ќе биде многу ретко. Нема да се случи затоа што некој си кажува дека е стар, има артритис и сака ново тело кое ќе изгледа и работи подобро.

Слични содржини