За Ахмети нема време за нови закони за СЈО

од Vladimir Zorba

ahmeti-han-sredba-2

За да се усвојат нови закони, треба да се прават и нови договори, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.

Ахмети е дециден дека за сето тоа, сепак, нема време.

– Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори – изјави Ахмети.

По средбата со лидерот на ДУИ, еврокомесарот се упати кон седиштето на СДСМ, каде треба да разговара со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев, претставници од невладиниот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

По средбата со Ахмети, еврокомесарот на „Твитер“ напиша: „Добра размена на ставови со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имавме сеопфатна дискусија за условите што треба да бидат исполнети за веродостојни избори, реформските приоритети и за помирувањето“./Мета

Слични содржини