За БЕСА државата од политичка влегла во безбедносна криза

од Vladimir Zorba

Претседателот на движењето БЕСА, Билал Касами на денеска изјави дека Талат Џафери бил легитимно избран за претседател на Собранието. Според него, по вчерашното насилство, државата сега не е само во политичка криза, туку и во безбедносна криза. Тој го осуди синоќешното насилство врз пратениците и врз новинарите

„Ги повикуваме сите институции во земјава да го почитуваат изборот на Џафери и да се однесуваат во согласнот со таа одлука. Не бевме информирани за избор на претседател на Собранието. Независно од тоа, останавме во салата, и помогнавме легитимно во сиот процес. Се надеваме дека после овој чин ќе продолжи и процесот за формирање на другите институции и дека државата ќе се врати во нормала“ рече Касами.

Тој ги повика граѓаните да ја задржат присебноста и да не паѓаат на провокации.

Слични содржини