На интернет порталот Пулс24 денеска наидов на еден преземен интересeн текст објавен од пораталот Newsbar. Насловот на текстот беше “Лингвистите сложни: Хрватите и Србите зборуваат ист јазик-македонски”. Морам да признаам дека текстот на прв поглед е интересен, но кога ќе се спојат фактите се гледа дека е лажиран текст кој има намена да се употреби кај нас за да се шири пропаганда за да се издејствува зголемено чувство на патриотизам кај читателите, за подоцна тој патриотски набој преку провладините медиуми да се поврзе со власта, за таа да се претстави за зачувувач на националниот идентитет. На сите ни е познато дека секој кој сака може на било кој медиум да плати и да објави текст за било каква намена. Нели читателите немаат време да ги проверуваат фактите

За подобра резолуција кликнете на фотографиите

Puls

Newsbar

За да Ви стане јасно за што станува збор Ви го пренесуваме преводот на текстот објавен на Newsbar.

“Откако нивните колеги од другите научни области испратени неверојатни откритија и лингвисти со Институтот “Фрањо Араповиќ” конечно завршија со долгодипното истражување за јазиците на Јужните Словени. А нивните наоди го демантираат дури и Мирослав Крлежа.

– Хрватскиот и српскиот не се два различни јазици, тие само дијалекти на оригиналниот јазик зборуван од страна на Јужните Словени. Најблиску до ток оригинален јужнословенски јазик се Македонците, па можеме да кажеме дека македонскиот јазик се зборува во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, но во овие земји се користат само малку различни дијалекти. Само сите тие народи развиваат својата малку забани дијалекти – објаснуваат лингвистите по завршувањето на научна работа.

Во студијата од страна на експертите од Институтот “Фрањо Араповиќ” внимателно го испитувале развојот на зборовите обрнувајќи посебно внимание на зборовите кои не се исти во Македонија и некокои од подоцна го настанатите дијалекти. Го посочуваат примерот со зборот “убаво/ubavo”, за кој на пример, Хрватите и Србите го презеле зборот “lijepo” во поголемиот дел од хрватски или “лепо” во голем дел од Србија и Загорје. Во исто време, нa македонскиот збор “ubavo” му дале ново, сосема спротивно значење со додавање на бугвата Г/G пред него.

– Нашето истражување нема грешки. И јас некогаш мислев дека српскииот и хрватскиот се две одделни јазици, но не бев во право. Оваа студија и неговите заклучоци се несоборливи. Србите и Хрватите зборуваат на ист јазик – македонски – кратко коментира лингвистот Санда Хам.

Реномирани лингвисти додаделе и измена во врска со научениот труд. Тие откриле дека бугарскиот јазик не е ист како што е во Македонија. Со помош на историчари открија дека, во проширување на старите словенски племиња на Македонците во Бугарија, најверојатно, има и еден Македонец со говорна маана, па словенизираните Бугари всушност го примиле македонскиот со говорна маана, која денес го говорат најчесто само во малку изменета верзија.”
И сега за да Ви разјасниме дека станува збор за измама, решивме да истражиме кој е научниот институт “Фрањо Араповиќ” кој го изработил гореспоменатото научно истражување.На пребарувач го вметнавме името на научниот институт, и забележавме дека наводниот институт нема интернет страница како што има секоја сериозна и нормална научна институција. Наместо тоа пребарувачот ја даде веб-адресата на Википедија која нуди податоци за името Фрањо Араповиќ. И што дознаваме , Фрањо Араповиќ е хрватски кошаркар роден во БиХ , а играл во 80 -тите и 90-тите и никогаш не се занимавал со наука.

За подобра резолуција кликнете на фотографијата

Vikipedija

Понатаму решивме да ја провериме и лингвистката наведена во текстот Санда Хан и да ги видиме нејзините научни постигнувања и научни тези. Од текстот што го најдовме објавен на Јутарњи лист, Хан многу сериозно ги објаснува разликите меѓу хрватскиот и српскиот јазик, што е дополнителен факт дека тврдењето за еден ист заеднички јазик се невистинити. Слободно прочитајте го текстот на Јутарњи лист.

Sanda

Продолживме да истражиме за да се осигураме во оваа теза и за да избегнеме евентуална грешка, и решивме интитутот “Фрањо Араповиќ” да го побараме на ФБ. На овој профил пишуваше дека овој институт е најважната научна институција во Хрватска која ќе Ве насмее.

Institut
Ете сега имате само уште еден пример за медиумска манипулација на народните маси!

 

ФЃ

Слични содржини