За ДУИ не важи досегашниот принцип победник со победник

од desk2

За ДУИ не важи принципот победник со победник, информира Алсат М.

По вчерашните изјави на поранешниот премиер Никола Груевски дека овој принцип треба да се почитува, ДУИ го потсети на одлуката на централното претседателство, кое даде поддршка за новото мнозинство. Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи, вели дека последните резултати го ставиле под знак прашање принципот победник со победник.

„Прашањето на класично спроведување на принципот мнозинство со мнозинство, по резултатите од овие избори нормално дека се покажа дискутабилено. ДУИ својата последна и правосилна одлука ја има за да даде поддршка на новото парламентарно мнозинство со 67 пратеника“. – изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ

Арифи вели дека наведениот принцип не е единствениот начин врз кој може да се изготви коалициски договор меѓу победниците од двата политички блока. Ставови како и Арифи имаа и други функционери на ДУИ. Потпретседателот Невзат Бејта прашан во врска со овој принцип, истакна дека победник со победник не се предвидува со Закон.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини