Во последниот ден од јули водечката германска компанија Wintershall – подружница на концернот BASF, соопшти дека Гаспром и BASF имаат потпишано меморандум кој предвидува гасоводот Северен поток да биде проширен со изградба на две нови линии, па да обезбедува дополнително околу 55 милијарди кубни метри руски гас директно во Германија. Германскиот концерн се мотивира со растечките потреби на Обединета Европа од сино гориво, пишува Олег Никифоров во “Независимаја газета”.

0000272071-article2

Според зборовите на Ханс-Улрих Енгел од управата на BASF подготвеност да учествуваат во овој важен инфраструктурен проект изразиле и други компании. Меѓу нив се германската E.ON, австриската OMV и британската Shell.

Ќе потсетиме дека првите две линии од Северен поток во кои Wintershall има удели од 15,5 отсто, дејствуваат од октомври 2012 година. Рускиот природен гас излегува на брегот на Балтичкото Море, недалеку од градот Лјубмин (во провинцијата Мекленбург – Предна Померанија), а оттаму по двата соединети гасоводи Nel и OPAL доаѓа кај корисниците од Западна и Централна Европа.

Според германските експерти достапната гасно-транспортна инфраструктура има значаен придонес за зајакнување на енергетската безбедност и долгорочно задоволување на потребите на Германија и Европа од увоз на гас, бидејќи потребите на ЕУ ќе растат и понатаму. Бидејќи не престанува да расте и разликата помеѓу сопствената европска екстракција и потрошувачката на природен гас. Експертите се повикуваат на Меѓународната енергетска агенција, која предвидува пад на гасните приноси во Европа со околу 2 отсто годишно при зголемување на годишната потрошувачка за 0,8 отсто.

По се изгледа дека проширувањето на Северен поток излегува денес на чело и во плановите на рускиот гасен монопол за европскиот пазар. Ова се должи на многуте нејаснотии со спроведувањето на Турски поток. Иако Турција изјавува интерес за проектот, а слушнавме во неколку наврати во последно време и од претставници на турското Министерство за надворешни работи, и од турски научници, сеуште недостигаат какви било конкретни аранжмани по прашањето – освен дозвола за соодветните студии во Црното Море.

Дали прашањето допира до цените на рускиот гас или до внатрешната политичка конјуктура во самата Турција – експертите немаат едно мислење. Владејачката Партија на правдата и развојот изгуби апсолутното мнозинство во парламентот и треба да формира владина коалиција или да тргне кон нови избори.

А не треба да ги игнорираме и надворешни фактори. Тоа произлегува директно од порака на Ројтерс дека Турција инсистира да се гради само една линија од Турски поток,кој обезбедува гас за самата Турција.

Кон надворешните фактори спаѓаат несомнено и притисокот врз Анкара притискана од САД (и од Брисел), и понудите за алтернативни испораки на гас како во Турција, така и во Европа од Азербејџан, а во подалечна перспектива – од Иран.

За САД и ЕУ ќе е од значење да биде сочуван транзитен правец на рускиот гас преку Украина. Би потсетил тука и на можноста да се испорачува во Европа американски и катарски течен гас, исто и изгледите за технолошки пробив во добивањето на гас од шкрилци преку примена на безводна know-how. Во вториот случај ќе видиме на светскиот пазар апсолутно нови добавувачи – пример Израел. Најверојатно треба да се води сметка за сите овие фактори одеднаш.

Далеку не последна улога игра и непријателската позиција на Брисел. Не само користење на третиот енергетски пакет, за да ги попречува преговорите со балкански земји за транзитни гасоводи од турската граница во нивна територија, но и ограничувањата за компании од Холандија и Италија,за кои се предвидува да вложуваат во планираната второ гранка на гасоводот по дното на Црното Море до самата Турција.

Во врска со тоа заслужува внимание објавениот неодамна труд на научниците од берлинскиот фонд “Наука и политика”, насловен “Руските директни инвестиции во Евроазија”. Авторите тврдат: “Во Европа со години доминираат одобренија кон интеграцијата на Русија во светската економија. Затоа таа олеснува за целите на мирот. Откако сепак започна украинската криза, ова мислење се почесто се доведува во прашање. За разлика од предходно, денес активните економски врски со Русија се сметаат како знак на зависност и како ризик “. Стравувања кои едвај ќе исчезнат во блиска иднина.

Клучен момент кој ја открива суштината на проектот Северен поток-2, се изгледите за снабдување на Европа со гас по 2019 година. Проблемот на Москва е дека договорите за испорака на руски гас во ЕУ токму преку Украина истекуваат, откако истече самиот договор за транзит склучен со Киев. Основен примач на гас во украинскиот транзитен коридор е италијанската компанија Eni. Новото нејзино раководство може да не се согласи точката во која ќе биде пренесуван рускиот гас, да биде преместена од Тарвизио (Северна Италија) во наводниот гасен центар на турско-грчката граница.

Некои сметаат дека тука главна улога играат личните фактори. Јас сепак не ги исклучувам причините да се чисто финансиски или да станува збор за политички притисок од Брисел. Сите овие околности го прават проектот Турски поток крајно несигурен. Можеби токму тие го принудија рускиот премиер Дмитриј Медведев да изјави во јули во интервју за словенечкиот “Дело”, пред дводневна работна посета на Словенија дека транзитот преку Украина може да продолжи и по 2019 година. При секоја положба по прашањето изгледа веќе се преговара со Украина.

Затоа од огромно значење за Русија денес е да го задржи својот удел во снабдувањето на Европа. Уште повеќе што засега токму Европа е главниот пазар на кој Москва пласира сино гориво.

Дали сепак Русија ќе ги задржи своите 30 проценти од европскиот пазар – тоа зависи од многу нешта. Бидејќи двете нови линии од Северен поток може да одиграат клучна улога во замена на украинскиот пат, бидејќи во проектот се поканува да учествува и австриската OMV; токму таа ќе го испорачува рускиот гас во Северна Италија.

Слични содржини