Почетна / Актуелно / За Јакимовски, Институтот бил куп даски кои преку ноќ можат да изгорат

За Јакимовски, Институтот бил куп даски кои преку ноќ можат да изгорат

Институтот за социолошки и политичко-правни студии кој денеска изгоре, бил најпрво избришан од урбанистичкиот план на Општина Карпош, по што веднаш бил поднесен приговор, зад кој застанал и претходниот ректор, Велимир Стојковски. Овој приговор резултирал сепак со враќање на Институот во урбанистичкиот план.

Проф. Емилија Симоска за НОВА изјави дека на овој инцидент му претходело без никакво предупредување уништување на целата архива, со тоа што била урнат магацинскиот простор кој била надвор од Институтот, во која се чувале документи и книги на оваа институцијата. Полицијата се уште води истрага за овој случај, иако вработените се сомневаат дека зад овој акт стојат официјални претставници.

-Во општината Карпош при разговорите со градоначалникот Стевче Јакимовски со моите колеги, им било соопштено дека ние работиме во даски кои преку ноќ можат да изгорат- оваа изјава ми беше пренесена од вработените во Институтот, вели Симоска.

 Институтот е опкружен со градби кои пред некоја недела беа срушени и сега во тек се интензивира градбата на нови објекти.

Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања вели дека е симптоматично тоа што токму овој период избил пожар во бараките на Институтот. Таа во изјава за НОВА ТВ вели дека пред три дена веднаш до нивните бараки почнало изградба на објект, а тие веќе извесен период со општината се расправаат околу тоа, дали тука треба или не треба да се градат нови објекти.

„Оваа ситуација е малку симптоматична. Најпрво се запалија бараките на поранешниот Завод за урбанизам, кој сега е во стечај, а пожарот се префрли и на нашите бараки. Не ми е јасно како толку пожарникарски возила не можат да го изгасат пожарот. Се е изгорено и библиотека и архива. Искрена да бидам, се ова мене ми е малку симптоматично. Пред три дена, веднаш до нас почна изградба на нов објект, а ние подолго време се објаснуваме со општината дали на оваа локација, треба да има нова градба“, вели Најчевска./libertas