„Дајте им на нашите гастeрбајтери сами да платат и да издвојат пари за избори во дијаспората и веднаш ќе се откажат и од изборите и од Македонија“,  или дилемата „за кого гласаат тие, што знаат за Македонија“, пишува и се коментира по социјалните мрежи. Партиски комшиски селски инает е во прашање, интересите на тие кои ги лажат и убедуваат или интересот е Македонија? Па, и тоа е релативно, се коментира деновиве, со отворањето на темата „Кражба или мутенж со гласовите на дијспората“, па се вели :

мкд голема

„…за кого зборуваме, каков глас очекуваме од дијаспората? -Глас на  пензионерска  структура,  изслужени работници, пензионери кои копнеат за некаков екс југо- македонски одмор на наше море и Охрид, за тогашното  братство и единство, за тие кои ни сопствените деца не ги научиле македонски да зборуваат или не ги донеле да ја видат Македонија или за млади интелектуалци македонски потомци и високо образовани личности кои би ја повлекле со својата остроумност Македонија напред и кои знаат нешто повеќе  за татковината од знамето од Вергина!?“ .

Тоа се големите  дилеми за што расправаме денеска, а партиите кои ги бројат придобивките жестоко полемизираат и прашуваат за што зборуваме -за гратис бројка пратеници кои по својот избор ги дискриминираат пратениците во Македонија или за вистински народни избраници и претставници кои треба да знаат  кого застапуваат. Дијспората не треба да се игнорира и треба да се респектира нејзиниот удел и глас, но под рамноправни услови како и за македонскиот пратеник, велат од експертската јавност. Има форми кои можат да се договорат, електронски гласови, или гласање во матичната држава, но бројот на гласачите ист како и бројот за избран пратеник во Македонија- никако поинаку. 10.000 за пратеник во Македонија и 800 во дијаспора е измама, кражба и  дискриминација и не може понатаму да опстојува, порачуваат и експертите и партиите, при што е нарушен еден од базичните принципи за еднаквост на гласот дефиниран во препораките на Венецијанската комисија.

Една држава, еден закон еднакви права – тоа е демократија и тоа се правилата на игра!

Колку за потсетување на последниот изборен циклус за организација на гласањето на дијаспората при што во сите три изборни единици кои ги опфаќаат Македонците надвор од Македонија гласале вкупно околу 7 000 гласачи, за тој процес биле вложени 1,1 милион евра или цели 25 % од вкупните трошоци за организација на изборниот процес.

Гласањето на дијаспората е најавено како главна точка на дневен ред од состанокот на работната група на четирите политички партии сo посредникот на Европската унија Питер Ван Хојт, закажан за денеска попладне.

Работните групи на партиите по договорот од Пржино, расправаат околку два аспекта на гласањето на дијаспората: еднаквоста на гласот во Македонија и оној во дијаспората и вториот околу рационалноста на финансиските средства вложени во овој процес.

Дијаспората за прв пат гласаше на претседателските избори минатата година. Гласаа државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година.

Слични содржини