Иако главна препорака на експертите е да не си правиме тетоважи во летната сезона, некои не можат да се воздржат и се водат по импулсите.c1442d10a4087c465c44ff20701bcf50

Без разлика дали сте од нив или не, треба да имате предвид дека ваквата активност бара посебна грижа пред, за време и по извршувањето.

Убавата тетоважа сигурно ќе е совршен финиш на вашата личност и е често избран начин да се изразиме себе, но за да се сочува нејзиниот совршен изглед, треба да приспособат и да ги промениме за некое време навиките и рутините, поврзани со убавината.

Ви претставуваме неколку основни совети кои треба да се имаат предвид и со кои треба да се заштити чувствителната зона.

Повеќето од нив е добро да ги почитувате и откако ќе помине периодот на зараснување на кожата.

1. Покријте

Тетоважата, исто како отворена рана, има потреба од време да заздраве. Покривањето на цртежот на телото со лесен материјал ја брани од можни инфекции или проблеми како самата неа, така и кожата во близина. Добро е постојано да се менува ткаенината, за да не се создаде средина погодна за разни бактерии.

2. Следење

Важен момент по правење на тетоважа е да ја следите за евентуална појава на инфекции.Симптоми како црвенило, печење, оток и солзење никогаш не се добар знак. Консултирајте се задолжително со лекар доколку кој и да е од овие знаци се појави. И најневажната и навидум безопасна промена може да е показател за сериозни проблеми. Можеби ќе треба да се справувате со крвни инфекции и дури и пневмонија. Нежно исчистете ја зоната со  антибактериски сапун и измијте со топла вода. Исушете со мека крпа или хартија и потоа нанесете антибактериски крем.

3. Хидрирање

Ако забележите лупење или одвојување на кожа околу тетоважата, најдобро ставете сосема тенок слој лосион за тело. Многу е важно да не се обидувате сами да  ја излупите кожата. Експертите советуваат да се запре на производи кои се направени на база на вода, бидејќи во спротивно може да стартувате процес на бледнеење на боите на тетоважата.

4. Внимавајте со водата

Нема проблеми да се искапите уште истиот ден, ако се погрижите за целосното нејзино покривање. Апсолутно забрането е да влегувате во базен, када или џакузи. Навлегувањето и воопшто допирањето на вода до самиот цртеж треба да се избегнува за барем две недели.

5. Заштита

Дури и откако ќе помине периодот на зараснување, задолжително треба да ја чувате тетоважата со правилни производи. Без разлика дали сте на море или едноставно го изложувате цртежот на сонце, нанесете крем за  сончање со најмалку 30 SPF заштитен фактор.Добро е да ја повторувате постапката во 1-2 часа или по миењето.

Слични содржини