За новиот лидер на Франција надворешната политика е непозната територија

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател Емануел Макрон, дојдена власт со реформска агенда за Франција, но исто така брзо ќе открие дека надворешната политика – област во која се уште не се чувствува удобно – ќе му го апсорбира голем дел од времето.

По прашањето за Европа Макрон е кристално јасен и отворен: останувањето на Франција во центарот на Европската унија беше доминантна тема на неговата кампања. За глобалните кризи надвор од Европа, како Северна Кореја, најмладиот претседател во историјата на Франција, се уште не ги открил картите.

Ова делумно се должи на фактот дека на претходните позиции како инвестициски банкар и министер за економија од 2014 до 2016 година надворешната политика не му била меѓу експертските области. Неговите претпазливи ткоментари за надворешнополитички прашања покажаа дека Макрон ги сфаќа сопствените ограничувања и си дава време да се запознае со прашањата пред да оформи дипломатската позиција.

“Има политичари кои знаат дека не знаат и сакаат да се научат. Има и такви кои не знаат и дека не знаат и зборуваат премногу. Тој несомнено е од прва категорија”, изјави Франсоа Есбур, истакнат француски експерт за надворешна политика , одбрана и тероризмот, кој го советуваше Макрон и неговиот тим во предизборната кампања.

Макрон се изразува општо за прашања на надворешната политика, но често тие биле прилично нејасни.
За Блискиот Исток, Макрон повеќепати кажал дека негов главен приоритет ќе биде да ја продолжи борбата против групата “Исламска држава”, која ја презеде одговорноста или инспирира бројни напади во Франција од 2015 година, во кои беа убиени над 230 лица. Француски борбени авиони, се вклучени во меѓународната коалиција и извршија илјадници летови и нанесоа стотици воздушни напади во Ирак и Сирија.

Макрон исто така изјави дека сака планира повлекување на сирискиот претседател Башар ал Асад од власт. Тој го нарече Асад “криминалец”, веднаш по нападот со гас кој се случи на 4 април врз градот Хан Шејхун, при што загинаа десетици луѓе. Новоизбраниот претседател изјави дека употребата на смртоносниот нервен гас треба да биде казнета со одобрение од ОН и со воена сила, но само ако вината биде докажана и притоа може да има интервенција врз Асад односно да се употребинапад. Но Макрон исто така, изрази загриженост дека Сирија која е нефункционална држава, може да потоне во уште поголем хаос, ако Асад биде отстранет, без притоа внимателно да се планира транзицијата.

“Прашањето е многу сложено. Треба да сме сериозни”, изјави Макрон минатиот месец.

Спрема Русија Макрон, за разлика од останатите кандидати на изборите, зазеде поцврст став кон претседателот Владимир Путин. Тој рече дека сака да работи со Русија, која го поддржува режимот на Асад во борбата против “Исламска држава”. Но повиците за соработка се со предупредувања дека Москва “не ги споделува нашите вредности и параметри”.

Ветувајќи дека нема да биде “зборлест” со Русија, тој рече минатиот месец: “Ние имаме потреба од исклучително ригорозен дијалог”. Макрон го поддржува обновувањето на мировните преговори за стабилизација на ситуацијата во источна Украина, за да бидат постепено релаксирани санкциите против Русија.

Тонот на Макрон се зацврсти за време на кампањата. Се појавија шпекулации – кои сепак уште не се докажани – дека Русија може да е вмешана во истекот на насочени против кампањата на Макрон документи во последните часови на трката.

Надворешнополитички експерт Есбур рече дека Русија и сојузниците на Франција го набљудуваат Макрон како сега се справува со последиците од хакерските напади, а истрагата ја води службата за киберопасност на француската влада ANSSI. “Сајбер-нападот беше извршеа во прецизно одбран момент. Отпечатоци од прсти на Русија се насекаде. Тоа не беше само задоцнет обид за конфузија на кампањата. Тоа беше како фрлена ракавица, кој беше предизвик”, рече Есбур, советник во париската тинк-тенк Фондацијата за стратешки истражувања.

“Од него ќе се очекува да одговори на еден или друг начин на овој предизвик”, изјави Есбур.
Што се однесува до САД, Макрон вели дека сака продолжување на размената на разузнавачки информации и соработка во ОН. Тој се надева да го убеди претседателот Доналд Трамп да не излегува од глобалното договор за борба против климатските промени.

Макрон, е приврзаник на слободната трговија, и Трамп кој за време на предизборната кампања ветуваше да брани работните места во Америка од странска конкуренција, изгледа се на двата спротивни пола. Тие се и од различни генерации – Макрон е на 39, а Трамп на 70 години.

Тие најверојатно ќе разговараат на средбата на врвот на НАТО во Белгија на 25 мај и може да предизвикаат општа изненадување, ако покажат дека имаат многу повеќе заеднички работи отколку што изгледа на прв поглед.

Слободното познавање на англиски јазик може да му помогне на Макрон полесно да воспостави лични контакти. И двајцата спротивно на сите очекувања постигнаа изборни победи, сметани за малку веројатни.

И двајцата се позиционира како аутсајдери во нивните политички системи, кои ветија дека ќе променат. Трамп беше меѓу првите светски лидери, кој го поздрави Макрон за “големата победа” во твит во неделата вечерта.

“Тие ги отфрлија сите правила на утврдената игра.Беа неизбирени, но и двајцата беа избрани “, рече Есбур.” Секој од нив веројатно ќе пронајде кај другиот дека е интересен “.

Трамп ја користи надворешната политика во предизборната кампања, за да се претстави за бранител на интересите на САД, најмногу во однос на Кина, која, како што рече, претставува “голем проблем”. Откако дојде на власт, тој продолжува да се изјаснува неподготвено.

Макрон е тежат во реториката. Единствен исклучок беше кога во телевизиска дебата со другите кандидати во март тој одржа ширно и збркано објаснување на она што дефинира како свој “дипломатски патоказ”.

“Тоа беше под секаква критика. Беше токму она што не треба да правите: да зборуваш многу, иако имаш слаби познавања, без да обликувал разумна и структурирана доктрина, туку само на гугање”, рече Есбур.
“Тоа беше сметано за грешка. Тој се обиде да не ја повторува”, додаде надворешнополитички експерт.

Слични содржини