За очекуваните брзи потези на Трамп во енергетиката, животната средина и климата

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, е голем приврзаник на производството на нафта, гас и јаглен во САД и затоа даде барање со кое активно започне со работа, веднаш по положувањето на заклетва како претседател. Тоа ги зголеми јавните очекувања и грижи дека тој ќе потпише куп декрети со кои ќе промени голем број актуелни политики.

Кои сепак се поврзани со реалните активности и маневри со енергетиката, животната средина и климатските промени кои би можеле да се случат сега – а како преглед на некои можни потези ги направи агенција “Ројтерс”, која ги наброја можните правни варијанти и се консултира со правни експерти .

Планот за чиста енергија (Clean Power Plan)

Републиканецот Трамп изјави дека ќе го прекине Планот за чиста енергија на својот претходник демократ Барак Обама. Планот ги обврзува одделните Држави да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид од електроцентралите. Новиот претседател на САД има неколку варијанти тоа да го стори. Некои се полеснио во споредба со другите.

Планот се оспорува на суд во 27 од 50 држави. Една од можностите е новиот претседател да му нареди на Министерството за правда да престане да го брани планот што практично ќе им ја даде победата во рацете на тужителите. Трамп, исто така, може да побара од судот да го врати планот назад кон Агенцијата за заштита на животната средина на ревизија.
Проблемот во овој случај е дека адвокатите од држави како Њујорк и Калифорнија, како и еколошките организации ќе имаат корист од тоа и ќе го штитат планот.

Друга можност е да се нареди на Американската агенција за заштита на животната средина да не го применува планот во акција. Ова, исто така, може да стане повод за тужби.

Трета опција за администрацијата на Трамп би била да се обиде да издаде нова регулација за “враќање” на Планот за чиста енергија, дури и да се задржи во судовите. Така го советуваат Трамп од Американската енергетска алијанса – индустриска група која ја консултира екипата на Трамп за политиките за енергетика. Но, овој потег не може да се случи толку брзо.

Планот за чиста енергија беше финализиран во 2015 година и беше во центарот на широката стратегија на Обама за климатските промени.

Парискоит договор за климата

За време на кампањата на Белата куќа, Трамп изјави дека ќе ги повлече САД од договорот за климата во рамките на 100 дена од преземањето на функцијата. Оваа барање му пречи сериозно на целиот свет многу брзо по големиот восхит и воодушевување од сериозниот ангажман и брзото спроведување на договорот од Париз и од голем број држави.

Документот, потпишан од речиси 200 земји минатата година, има за цел да го ограничи глобалното затоплување и секоја држава се обврзува со значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид и други стакленички гасови.

Од неговиот избор во ноември Трамп ја омекна својата позиција за климатските промени, тврди The New York Times. Новиот претседател најави дека е отворен за поинаков пристап кон обврските на САД по договорот. Во исто време тој веќе се консултирал со својот тим за можните брзи потези, со кој тој може да стави крај на учеството на САД во договорот, вклучувајќи издавање на претседателска наредба за бришење на потписот на САД од договорот.

Водите на САД

Законот за водите во САД, кој појаснува кои водни извори паѓаат под федерална заштита на животната средина, се споменува постојано од Трамп како регулатива која тој се надева да ја промени. Оваа регулатива исто така се оспорува на суд.

Според правните експерти, еден од најелегантните начини за Трамп да ја поништи оваа регулација ќе биде со т.н.. “Доброволна стража” – правно средство со кое ќе се побара од судот да ја врати регулацијата за ревизија во Американската агенција за заштита на животната средина (EPA).

Ова подоцна ќе и овозможи на администрацијата на Трамп да ја елиминира или да ја преиспита регулацијата. Но, исто така, може да доведе до тужби од адвокати на демократите и на еколошки организации кои сакаат законот да биде зачуван.

Гасовод Keystone XL

Доналд Трамп вети дека ќе побара од TransCanada Corp (TRP.TO) да поднесе повторно барање за изградба на гасоводот Keystone XL, проект за цевка со која САД ќе добива нафта од песок од Канада. Првото барање на компанијата беше отфрлено од страна на администрацијата на Обама по години лобирање на еколошки организации против него.

Светскиот фонд за заштита на дивината (WWF) наведува дека ископувањето на песоците голта три пати повеќе енергија и испушта речиси три пати повеќе јаглероден диоксид од стандардното производство на нафта. Покрај тоа климатските експерти горко забележуваат дека треба да се икористи еколошки природен гас, за да не смрди песокот од нечистата тежка нафта.

Новата покана на САД кон TransCanada може да се случи побрзо, но не е јасно дали TransCanada ќе сака да го заживее проектот имајќи предвид дека цените на нафтата се далеку пониски отколку што беа, кога компанијата првично ги лансира плановите за инвестиција.

Можно е Трамп да издаде наредба за откажување на пакет од инструкции, издаден во август 2016 година од страна на Советот на Белата куќа во врска со квалитетот на животната средина. Овие упатства бараат од федералните агенции да дефинираат квантитативно емисиите на стакленички гасови, како и ефектот за климатските промени при евалуација на проекти како цевководи и гасоводи.

Одредбите се донесени во 5 до 12

Во последните недели администрацијата на Обама ги финализира неколкуте еколошки прописи со надеж тие да останат непроменети и во иднина. Токму овие прописи најверојатно брзо ќе бидат откажани. Лидерите на Конгресот објавија дека ќе насочат овие правила кон Congressional Review Act, кој им овозможува на пратениците да користат обично мнозинство, за да ја укинуваат дадена регулатива во рок од 60 законодавни дена од денот на објавување.

Една од овие прописи е за метанот (The methane rule), како ограничена емисијаа метан од енергетски инсталации на федерална земја. Законот за заштита на водите (the Streams Protection Act) брани водните текови од јаглен.

Некои други прописи кои се однесуваат на земјоделската индустрија, исто така, можат да влезат во оваа категорија. Тие се однесуваат на наредба на Министерството за земјоделство и се поврзани со барањата за одржливо сточарство и одгледување на живина, кои поставуваат барања за минимални откриени и затворени простори за живинарство.

Федерален јаглен мораториум

Трамп може веднаш да го отстрани мораториумот за закуп на јаглен на федерална земја, кој беше изгласан од Министерството за внатрешни работи минатата година. Целта беше властите да имаат време да се направи преглед на програмата и да проценат дали владата ќе има соодветна цена за јаглен, кои потекнуваат од земја и јавна сопственост од името на даночниот обврзник. Укинувањето на мораториумот ќе го олесни пристапот на секторот за јаглен сектор до огромни наоѓалишта на јаглен и ресурси, преостанати во базенот на реката Паудер.

Слични содржини