За овие 6 животни одлуки не треба никому да се извинувате

од Vladimir Zorba

Бара ли општеството од нас да се оправдуваме за своите одлуки или животни избори? Дали сме воспитани да имаме потреба да им објаснуваме на луѓето зошто нешто сме сториле? Овие 6 работи не треба никому да ги објаснувате…

Животните одлуки кои ги донесуваме за себе не би требало никогаш ,никому да ги оправдуваме. Најчесто тоа ќе бидат ситуации каде родителите ќе сакаат да разберат зошто сте донеле некои одлуки, или блиски пријатели кои ќе сметаат дека тоа е против вашиот карактер. Што и да е во прашање, ваше право е да не одговорите.

  1. Животна ситуација

Како вие живеете во вашиот дом не се однесува на никој освен на вас. Никој нема право да ве испитува вас или да ви набива грижа на совест поради тоа што живеете сами, имате цимери  или живеете со бившиот. Она што е важно е вие да бидете задоволни.

  1. Физичкиот изглед

Со годините е нормално луѓето да го менуваат изгледот. Некои се здебелуваат, некои слабеат. Во еден момент ќе посакате да имате црвена коса, а во другиот црна. Можеби ќе пуштите брада или ќе направите пирсинг. Одлуките во врска со вашиот изглед се само ваши и никој не би требало да има право да влијае на вас.А дедо едноставно ќе се помири со вашата лилакова коса и точка.

  1. Политичките или верските избори

Често на социјалните мрежи можете да прочитате некои многу непријатни одговори на политичките или верските објави. Секој има право на своите лични ставови за религијата и политиката. Треба да се почитуваат ставовите за религијата и политиката. Треба да се почитуваат тие ставови и никој не би требало да ги објаснува.

  1. Одлуката да немате деца

Никој не би требало да ги објаснува своите животни избори , а особено оние кои се однесуваат на создавањето семејство. Некој можеби има здравствени проблеми или едноставно не се гледа како родител. Што и да е во прашање, тоа е една од најличните одлуки кои секој човек ги донесува за себе и за таа одлука не би требало да се потпрашува. Од никого, ниту од мајката.

  1. Да се биде самец

Колку пати вие сте ја прашале вашата слободна пријателка или  пријател зошто немаат партнер? Можеби  била во прашање само шега или сериозна загриженост, но сепак, тоа не се однесува на вас. Некои луѓе едноставно не пронашле некого со кого би го делеле својот живот или имаат други приоритети во животот. Како и да е, луѓето кои не се во врска својот избор не треба никому да го објаснуваат. А на другите во нивната околина е да не ги потценуваат поради тоа. Не се ни помалку важни, ни лоши, ниту со нив нешто не чини. Тоа е прашање на избор.

  1. Животни приоритети

Зависно од општеството во кое сте воспитани , сите имаат некој стандарден тек на настаните во животот кој повеќето луѓе ги следат. Ќе завршат факултет, најдат работа,  ќе се оженат , имаат убаво и складно семејство… Секој човек е посебен и секој од нас има поинакви приоритети. Вашиот приоритет е после матурата да поминете година дена занимавајќи се само со музика и да настапувате со својот бенд. Или да станете принцеза… Зошто да не? Кои и да биле вашите приоритети во животот ,тие се ваши и никому не мораат да бидат ниту јасни, ниту правилни.

С.В.

Слични содржини