За пет дена 8 лица починати од студ

од Vladimir Zorba

Во последните пет дена во Албанија дури осум лица починаа од екстретмно ниските температури, од кои четири во средата.

Новинската агенција Балканвеб од Тирана информираше дека во средата две стари лица од студот починале во Погредец и Драл, додека две деца починале за време на лизгање на езерото во Кашар кога мразот пукнал, а тие паднале во водата и се смрзнале. Станува збор за две малолетни лица на 12 и 15 годишна возраст.

Истиот извор наведува дека температурите во Албанија веќе неколку дена се 20 степени под нулата, а по неколку декади снег има во Драч, Саранда, Валона и други приморски градови каде што снежни врнежи не се забележани подолг период.

Поради снегот голем број селски населби во североисточна Албанија се целосно отсечени

Слични содржини