За повисоки оценки, девојки, носете шминка

од Vladimir Zorba

Рецептот за високи оценки кај девојчињата се покажува не толку во учењето на лекции, колку во шминкањето.

Така барем велат научниците од Харвард и Универзитетот на Киети во Италија, пренесе Mail On Sunday.

Ова се должи на фактот дека кога се со шминка, девојките се со поголема самодоверба.

Експертите анкетирале 200 студентки, следени со еднаква специјалност и со сличен коефициент на интелигенција.

Тие биле поделени во три групи. Првите ставале шминка, другите слушале музика, а третите цртале. Потоа ги раскажале дел од учебник, кој штотуку го прочитале.

Тие што користеле козметика заработиле со од 10 до 20 проценти повисоки оценки од останатите две групи.

“Жените ставаат шминка, за да ја зголемат самодовербата, бидејќи знаат дека се попривлечни. Тоа ги прави да се чувствуваат подобро под стрес.

Позитивните емоции го зголемуваат пристапот до информации во меморијата “, објаснуваат научниците во списанието” Cogent Psychology “.

Слични содржини