45 затвореници и притворени, кои се жители на општина Центар  во Скопје го искористија правото на глас за референдумското прашање кое се однесува на изјаснување за изгледот на ГТЦ, дело на починатиот архитект Живко Поповски.

референдум
Гласаа лица од истражните затвори Шутка, Куманово, Идризово и Штип. Записниците се под надзор и ќе бидат отворени утре по 19 часот, соопштува ДИК. Изборниот материјал со референдумското прашање е веќе доставен во 78 избрирачки места на територијата на Општина Центар.

Граѓаните сами да решаваат без притисоци, порачуваат од ГА Мост  која со ссо 111 набљудувачи  и 4 мобилни тимови ќе го набљудува утре  референдумот за ГТЦ

Граѓанската асоцијација МОСТ укажува дека одржување на фер и слободен референдум е неопходност. На секој граѓанин треба да му биде овозможено самостојно да одлучи дали ќе излезе да гласа или не, а оние што ќе гласаат да се произнесат по сопствена волја „за“ или „против“ референдумското прашање. ГА МОСТ посочува дека сите засегнати страни треба да демострираат почитување на демократските вредности, особено што во овој случај се работи за референдум – најважниот облик на непосредна или директна демократија, порачуваат од  ГА МОСТ.

Слични содржини