Ако има нешто за што сме благодарни дека козметичката индустрија го има создадено, тоа се дезодорансите антиперспиранти.4e4a7b7b1676caf215dddfcf7a8444bc

Камо да имаше и закон со кој сите ќе ги користат! За жал, засега е подобро да ги оставиме настрана соништата и да ве запознаеме детално сите корисни дејствија на еден од најраспространетите козметички производи.

Како и повеќето оружја на убавината, и тој има свои бројни поволности во нашето секојдневие. И ниту едно од нив не е со користење под пазувите!

Кои се скриените тајни кога станува збор за сувиот и спреј дезодоранс и како да ги користиме во наша полза? Видете тука.

1. Жуљеви

Сите сме доживеале неопислива болка при првата прошетка со нови чевли. Сепак, стоички сме навикнати да трпиме и понекогаш предизвикувајќи неверојатни жуљеви на своите нозе. Тука на помош доаѓа сувиот дезодоранс. Нанесете мала количина од внатрешната страна и  фокусирајте се на овие делови кои создаваат тензија. На овој начин ќе создадете бариера меѓу нозете и додатокот, и нема да мора да се справувате со евентуални жуљеви.

2. Каснувања од инсекти

Едн од  најиритирачките нешта во летните денови се инсектите. Досадните комарци се способни да нè извадат од такт буквално за неколку секунди со досадното зуење и нервозно касање. Ако веќе сте лут носител на црвенило како последица на инсекти, нанесете малку сув дезодоранс на оштетената зона. Тој ќе ги олесни симптомите, благодарение на содржината на алуминиум.

3. „Расквичена“ врата

Независно што крцкавите шарки се лесен начин да дознаете кога некој влегува, понекогаш непријатниот звук може да биде и досаден. Ставете мала количина сув дезодоранс врз шарките кој ќе ја игра улогата на подмачкувач. Уживајте во можноста да бидете пријатно изненадени.

4. Фитнес

По напорниот тренинг во салата, обично рацете се со модринки и можно е да се појават мозолчиња. Ако немате ракавици, ставете сув дезодоранс врз областите кои се најнатоварени и така ќе избегнете оштетување.

5. Освежете ја гардеробата

Сапун и лаванда се добар начин да се освежат пантолоните, но во случај да немате, користете алтернативна опција. Оставете мал сув дезодоранс помеѓу облеката и радувајте се на пријатен мирис на чисто.

Слични содржини