За “сламка”! 2 милиони Американци со петиција до електорите: Изберете ја Клинтон за претседател

од desk3

 

Речиси 2 милиони Американци се вклучија под петиција со барање до изборната комисија да гласаат за Хилари Клинтон, па таа да стане претседател на САД. Конечниот избор електорите ќе го направат на 19 декември. Петицијата е објавена на сајтот Change.org.

image_5867103_126
“Апелираме електорите да не бидат во согласност со резултатите од гласањето во одделните држави и да гласаат за Хилари Клинтон. Зошто? Трамп не е добар! Неговата импулсивност, лаги, повеќекратни сексуални напади и целосно отсуство на искуство го прават опасен за земјата. Клинтон го освои народното гласање и треба да биде претседател. Зошто да не го искористиме најдобро недемократскиот Институт за да обезбеди демократски резултат? “, се вели во текстот на документот. Истовремено, за Хилари Клинтон реално гласале повеќе жители на САД – околу 60,5 милиони. Со поддршка за Трамп се изјасниле помалку од 60,1 милиони.

Инаку, најмалку 29 лица се уапсени во Орегон за време на протестите покренати во знак на незадоволство поради изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Полицијата соопштува дека протестите станале насилни и преминале во нереди.

Демонстрантите почнале да кршат прозорци на објекти и да палат контејнери, што полицијата сега го оквалификува како нереди.

Околу четири илјади демонстранти излегоа на улиците на Портланд, а околу полноќ почнаа со различни предмети да фрлаат по полицијата, која одговори со солзавец и некој вид чадна бомба за да ги растера.

Повеќе илјади луѓе, вклучувајќи голем број студенти, организираа нови протести во повеќе американски градови поради изборот на Трамп за нов претседател. Тој повторно се огласи на Твитер критикувајќи ги демонстрантите.

„Само што имавме многу отворени и успешни претседателски избори. Сега непрофесионални демонстранти, поттикнати од медиумите протестираат. Многу нефер!“ напиша Трамп.

Сепак, неколку минути подоцна се огласи повторно на Твитер каде напиша дека имал фантастичен ден на Вашингтон каде по првпат се сретнал со претседателот Обама.

Слични содржини