Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“.

gardiuan

Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција и на Италија вчера беше на средба со премиерот Никола Груевски, во заедничкото соопштение ги стави терористите во наводници.

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека „Владата на Груевски во саботата, во раните утрински часови, наредила полициска операција против етнички албански „терористи“ во северниот етнички мешан град Куманово, во која загинале осум полицајци и 14 наводни „терористи“.

Британски „Гардијан“, во текстот посветен на атмосфрета (политичка и на терен), групата што беше цел на полицијата ја именува со „терористи“, но со наводници.

„Деталите за акцијата остануваат нејасни (магливи), но конзервативната влада на Никола Груевски се соочи со итни повици од НАТО и од Европската унија за „транспарентна истрага“ за тоа што се случило“, пишува „Гардијан“, во текстот насловен „Насилството меѓу македонската полиција и „терористите“ го стави премиерот под лупа“.

Извор: МЕТА

Слични содржини