За “Траекторија” молк на Владата во заминување. Молчи и изведувачот на патиштата Синохидро и Кинеската амбасада

од desk3

Молк од компанијата Синохидро по истрагата што ја отвори СЈО за изградба на два автопати. По сомнежите дека е наместен изборот на компанијата која ќе ги изведува градежните работи од претставништвото во Скопско Кале, за телевизија Телма,  велат дека одговорните за делниците се на терен.

Одговор најавија до крајот на неделава. Нема коментар ниту од дел од функционерите на Владата во заминување кои се осомничени дека го општетиле буџетот за над 155 милиони евра така што ја заобиколиле процедурата на кинеската влада , сами одбрале две фирми а преговарале само со едната. Без реакција  остана и Кинеската амбасада во Скопје од каде побаравме став околу предметот “Траекторија” и сомневањата дека постапката за изградба на патишата не билa спроведена согласно законот за јавни набавки е испревртена сaмо за да биде избрaна компанијата Синохидро. Процедурата за утврдување на одговорност ќе биде многу тешка и макотрпна вели професорот Вулнет Палоши за телевизијата. Според него ова е прв случај на концесионерство во Македонија а тоа многу се разликува од досегашните постапки во кои голем дел од ризикот го земаат СБ, ЕБОР и др.

ДЗР минатата година констатира дека изградбата на патот Миладиновце – Штип и на Кичево – Охрид се врши бавно и дека ќе се пробијат роковите за нивно завршување. Според ревизорите на Синохидро и се исплаќале десетици милиони евра повеќе од договореното поради курсните разлики. СЈО најави дополтелни истраги за тоа дали во овој мега проект имало провизии односно дали и кој се стекнал со лична корист.

Слични содржини