Кавадарчанецот Муарем Алиов доби 12 години затвор за убиство. Казната му ја изрече основниот суд во Велес. Според обвинението, Алиов на 30 април 2014 година со умисла ја лишил од живот С.Т. од Кавадарци-јави ДУМА.. На убиството му претходела вербална расправија помеѓу двајцата која подоцна преминала во физичка пресметка. Алиов почнал да ја удира со тупаници а потоа и со рачката од секирата и тоа во пределот на главата и телото, нанесувајќи и притоа тешки телесни повреди.

sud-fin1462364774_thumb_medium490_0

Алиов не се задоволил со ударот од секирата по главата на жената па продолжил да ја удира и по другите делови од телото со клоци. Од силните удари таа се здобила со тешки повреди на градниот кош, стомакот како и горните и долните екстремитети и за кратко починала. Крвта од раните на жената се распрснала по ѕидовите и покуќнината. Како ништо да не се случило Муарем Алиов зел сунгер, весници и крпи и почнал да ја отстранува крвта. Откако ичистил, хартијата, крпите и сунгерот ги изгорел во шпоретот на дрва кој се наоѓал во собата. Ги изгорел и алиштата што ги носел бидејќи и тие биле направени со крв и облекол други. Телото на починатата го оставил во собата.

Утрото на 1 мај безживотното дело на жената, од собата, го пренел во магацинот каде што истиот ден било пронајдено од страна на кавадаречката полиција. На Алиов му била изречена мерка притвор и по распитот, го признал делото.

Алиов е обвинет за сторено кривично дело убиство. Во затворската казна ќе му биде пресметано и времето кое го поминал во притвор

Слични содржини