За влакно спасени од трагедија – сканија се преврте врз автомобил

од desk2

Тројца работници денеска за влакно избегнаа смрт кај Кадрифаково, откако камион – Сканија полн со песок се преврте врз возило и речиси целосно го смачка.

Несреќата се случи утрово во 9 часот на градилиштето на новиот пат Штип- Скопје. Според Министертвото за внатрешни работи камионот Сканија со кумановски регистерски таблици управуван од Т.Ј. во кој се товарела ископаната земја во еден момент се превртел врз патничкото возило Фиат Диобло со скопски таблички во кој имало две лица.

Од МВР велат дека сите три лица, возачот и сопатникот од патничкото возило, како и возачот на камионот, се здобиле со полесни повреди.

Двајца од нив откако се прегледани во штипската болница веднаш се пуштени на домашно лекување, а едно лице е задржано в болница. При спасувањето освен итната помош учествувало и возило на противпожарната единица. /24 Вести

Слични содржини