За ВМРО ДПМНЕ депонијата во Струга е вина на СДСМ кој една недела е на власт

од Vladimir Zorba

 ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми и посочува дека додека стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори, министрите само се среќаваат со разни амбасадори.

– СДСМ и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, ја претвораат од бисер на Охридското Езеро во депонија. СДС и со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон Владата расте, бидејќи е се поочигледна негрижата на владата за граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ, се посочува, е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.

 

Голема акција за спас на Струга -Депонијата да се затрупа веднаш!

Слични содржини