Почетна / Магазин / Деликатеси / За здраво срце јадете риба

За здраво срце јадете риба

 

Секој човек мора барем дава пати  неделно да јаде риба, од кој еден оброк би морало да бидат сардели, пастрмка, лосос, скуша,  бидејќи содржат најмногу омега-3 масни киселини. Експретите истакнуваат дека омега –  3 е важна за здравјето, бидејќи помага против кардиоваскуларните болести, ги засилува мозочните функции и го јакне имунитетот.

 


Екпертите препорачуваат да се јаде риба наместо рибни препарати бидејќи рибата содржи и витамин Д, селен и јод кои помагаат во борбата против болестите на срцето.  Рибата е одличен извор на белковини, витамини,  минерали  и масни киселини и затоа е чест избор на спортистите и луѓето кои се грижат за исхраната. Богата е со калиум, натриум, железо, фосфор, магнезииум, цинк, бром, кобалт и бакар кои на организмот му служат како заштита, а морската риба е и значаен извор на јод. Оваа намирница е богата и со витамините А, Б, Д и Е, а бидејќи побрзо се вари од месото на другите животни,  во човечкиот организам не создава голема количина на мокрачна киселина што го олеснува варењето и не го труе организмот.