Заборавил каде го паркирал автомобилот, го пронашол после 20 години

од desk2

Властите во Франкфурт пронашле автомобил, чие исчезнување сопственикот го пријавил уште пред 20 години. Она што е најчудно е тоа што автомобилот воопшто не бил украден.

Автомобилот бил пронајден паркиран во гаража на еден стар индустриски објект, кој бил предвиден за рушење. Тоа им попречило на работниците, кои пријавиле во полицијата да го пронајде сопственикот.

Сега веќе 76-годишниот сопственик, својот автомобил го оставил таму пред 20 години.

Човекот просто заборавил каде го паркирал уште во 1997 година.

Пронајденото возило после две децении повеќе не е во функција, па ќе биде исечено за старо железо.

Слични содржини