Забрана за движење кон Пресека, Буково и „Ќафасан“ поради обилни врнежи од снег

од desk2

Поради обилните снежни врнежи, СВР-Охрид воведе мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини Пресека, Буково и кон граничниот премин „Ќафасан“.

„Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој Буково важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај Подмолје на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај Емо во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен“, информираат од СВР-Охрид.

На овие патни правци, велат од таму, не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваат дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила.

„Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон споманите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема“, велат од СВР-Охрид.

Слични содржини