Зачинет доматен сос на италијански начин

од desk4

Доматите се највкусни во лето и во дел од есента, а токму тогаш можеме да ги искористиме за да го зачуваме нивниот вкус преку целата година.

Ви предлагаме самите да подготвите домашен италијански сос, кој ќе го користите како прелив за салати и тестенини, во пица и други јадења кои одговараат со доматни сосови.

Pixabay

Потребни состојки:

3 кг домати
2 главици кромид
4 листа ловор
Една лажичка сушен рузмарин
Една лажичка оригано
2 дл масло
Половина кесичка конзерванс
Сол и бибер
Толчен лук (количина по вкус)

Подготовка:

Измијте ги доматите и прелијте ги со врела вода, за полесно да се лупат. Откако ќе ги излупите, исецкајте ги на коцки. Истото направете го и со кромидот.

Ставете го маслото во подлабоко тенџере и почнете со динстање на доматите. Потоа додадете ги останатите состојки, освен конзервансот.

Кога смесата ќе зоврие, додадете го конзервансот, а извадете ги ловоровите листови. Топлиот сос ставете го во тегла и веднаш затворете, за да се вакуумира.

Слични содржини