Заедничите корени

од Vladimir Zorba

Ja следев со посебно внимание последната „Топ-тема“ на Александар Чомовски на „Телма“ која, во најголем дел, му беше отстапена на претседателот на Бугарската академија на науките Стефан Воденичаров. Заслуга за тоа имаaт колку новинарот Чомовски (во најавата рече дека претседателот на БАН зборувал многу поотворено и појасно од политачарите), толку и некои мои „сматни“ очекување. дека човек, на престижна и висока научна функција ќе се осмели да направи „исчекор“ од некои класични стереотипи на бугарсаката национална програма/стратегија по „македонцкото прашајн’e“ (Мисирков).

atanas vangelov
Нешто подоцна, кога се обидував поблиску да ги определам мотивите за тие мои очекувања, се задржав на два. Едниот е поврзан со традиционалниот, добро познат однос на БАН кон македонскиот јазик кој малку или воопшто не се разликува од односот на политиката: како во времето на живковизмот, така и сега. Другиот мотив е поврзан со тоа што претседателот го вика небрежен однос на државата кон научниот свет, работа која не пропушти да ја засегне и во емисијата на Чом. Во резултат на тоа, многу талентирани луѓе ја напуштаат Бугарија.

Во 1978 Бугарија ја славеше 100-годишнината од санстефанскиот договор, крај на руско-турската војна од која се породи санстефанска Бугарија, ревидиран истата година во Берлин. Таа санстефанска фикција предвидуваше интеграција на најголем дел од Македонија во една, бугарска држава. Не се оствари, но затоа пак копнежот по таква, голема Бугарија не умира толку лесно и брзо. Во таа 1978. БАН излезе со нова теорија за македонскиот литературен јазик. Дотогаш (исклучок е периодот 1945-48) го објаснуваше како дијалект на бугарскиот. Новоста беше во тоа што БАН обелодени ва таа 1978. научна теорија која објаснува дека станува збор за „регионална норма“, издигната на степен на стандарден јазик на РМ.

Дали, сегашниот претседател на БАН би имал да каже нешто друго по тоа прашање? Дали би ја одобрил таа „регионална норма“ како вистина или пак би ја оспорил? Иако не е професионален лингвист? Такво прашање не доби од својот домаќин Александар Чом. Иако би требало кога, веќе, станува збор за човек кој зборувал многу поотворно и појасно од политичарите. Што се однесува до мене, верувам дека претседателот на БАН на убав, учтив и пристоен начин би избегнал одговор на такво, „чувствително“ прашање. Во прилог на тоа зборуваат неговите „заедничи корени.“ Потоа, неколкупати повторената сугестија да се држиме до “факти“ (наука), не до политика. Иако, од своја страна, таа политика добро знае да ги натера „фактите“ да го зборуваат тоа што сака да го чуе. Тие две работи даваат основа да се мисли дека тешко би направил „исчекор“ од таква природа.
Вториот мотив, оној што претседателот на БАН го опиша како социјално самоубиство (разликата во плати меѓу чистачка и млад научник била 30-40 лева) затоа што многу млади, талентирани луѓе (како и во Македонија) ја напуштале Бугарија, исто така зборува за “корени“, иако не „заеднички.“ Ама, зборува многу поинаку. Дури, би можело да се рече, дијаметрално спротивно.
Станува збор за Цветан Тодоров, оној „млади момко“ кој, во свое време, во куќата на Тодор Боров, неговиот татко, го држел в скут Симеон Радев, тогаш во некој вид внатрешна изолација. Тој Тодоров, во 1963. ја напушти, „на една година“ Бугарија за да остане во Франција засекогаш, каде што направи блескава научна кариера во областа теорија на литературата и потоа историја на идеите. Како и Јулија Кристева во областа општа лингвистика и психоанализа.
Во 2002. Тодоров ја објави својата автобиографска книга-разговори со Катрин Портвен (1962) „Должности и наслади“ (Devoirs et Délices). Зборува, во таа книга на многу страници за детството и младоста. Тоа се непосредни сведоштва за тоа како се раѓа и зрее свест за тоталитарен дух на комунистичка утопија. Има страници од прва рака за Андреј Лукјанов кој седел во иста клупа со Тодоров во софиската руска гимназија. Потоа студирал во Москва за да стане министер во неколку влади на Живков. По падот на живковизмот кој „го организира“, станува премиер на демократска влада. Во една „фантастична операција“ нему му пошло од рака да направи „од екскомунистите нови капиталисти: сè што припаѓаше на државата се најде во нивни раце и денес големите бугарски капиталисти се токму тие луѓе“ (36).

Тие впечатливи страници, како и многу други, ме натераа да ја преведам книгата на Тодоров која, на македонски, се појави во 2004 г.
Еве што вели Тодоров за „корените“ по еден директен начин и, по еден индиректен, за „нашите заеднички корени“, за кои зборуваше претседателот на БАН Стефан Воденичаров во емисијата на Александар Чомовски: „Бугарија е затворена страница во мојата јавна егзистенција […] Ми велат понекогаш за тоа откинување (detachеment), ми претскажуваат дека, порано или подоцна, ќе ја доживем потребата да им се вратам на своите ‘корени’. Не верувам.

Луѓето се направени така што се откинуваат од семејство на родители за да се поврзат со своите сопствени деца. Моите ‘корени’ се моите деца, а тие се Французи. Идејата дека и должам нешто на Бугарија за тоа што ми го дала ми е необична: имам само некои долгови кон личности кои се обидувам да ги вратам.“ (63)
Во што е разликата меѓу “корените“ на претседателот на БАН и оние на еден модерен „апостол на хуманизмот“ како што го викаат Тодоров? „Корените“ на Воденичаров се идеолошки. „Корените“ на Тодоров се антрополошки. Во духот на Просветителите од 18-ти век (објави неколку книги за нив), тие велат: јас сум прво човек, иако „Бугарија е секогаш во мене.“ Дури потоа – Француз.

Атанас Вангелов
фејсбук статус

Слични содржини