Преговорите за изборниот законик ќе финишираат денеска, а веќе од утре би требало да биде отворено прашањето за состојбата во медиумите и за промените во МРТВ, изјави синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по трибината во Охрид, насловена како „Визија за Македонија“.

????????????????????????????????????

– На дневен ред се МРТВ, МИА, но и Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги. МРТВ како јавен сервис е многу значаен затоа што сите плаќаме радиодифузна такса и мора да го направиме независен медиум од секој аспект, и од кадровски и од финансиски. Истото се однесува и на МИА и на Агенцијата за аудио и визуелни услуги. Мора да ги поставиме на здрави основи, како коректив на секој кој го користи етерот како право на секој граѓанин на Македонија. Целта е колку што е можно независност на медиумите брз притоа да се мешаме во уредувачката политика ние политичарите – рече Заев.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија синоќа во Охрид, на јавна трибина, го презентираше првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“.

Проектот, односно платформата „Визијата за Македонија“, најавија синоќа од СДСМ, треба да прерасне во политичка програма, во која ќе бидат вметнати идеите на граѓаните кои ќе придонесат за подобра иднина на земјата

– Убедени сме дека промените во Македонија доаѓаат, но тие не треба да се случат сами по себе или само заради да се случат. Граѓаните треба да ја знаат иднината што ја трасираме заедно со нив. Дојдени сме овде по памет, сугестии, корекции и забелешки за „Визијата за Македонија“ бидејќи ние не сме ниту најпаметните, ниту најголеми професионалци, а темите за кои разговараме се исклучително важни и допираат до сите граѓани – рече на трибината претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Зоран Заев им вети на охриѓани дела „Визијата за Македонија“ ќе го постави Охрид во центарот на вниманието, зашто ова е град кој им припаѓа не само на охриѓани, туку на сите граѓани во земјата, на светската цивилизација. Во изминатите девет и пол години Охрид беше уназаден и унаказен и затоа треба да му се посвети особено внимание.

– Не само што треба да се залечат раните од прикаските со Субрата Рој, туку треба најодговорно да се поработи на развојот на Охрид, на чување на традицијата, на унапредувањето на заштитата, надгледувана и од УНЕСКО. Охрид е наше богатство и гордост и мораме да прецизираме конкретни мерки, решенија и правци за иднината кои секако ќе бидат највнимателно извлечени од охриѓани, кои знаат најдобро што му треба на Охрид – истакна Заев.

На трибината говореа и Рената Тренеска Дескоска, претседателка на партиската комисија за правда и членот на истата комисија Мирослав Вујиќ, како и претседателот на општинската организација на СДСМ, Томислав Тунтев.

 

МЕТА

Слични содржини