Првиот опозиционер Зоран Заев при соопштувањето на бомбата соопшти дека очекува разврска на политичката криза во земјата до крајот на јуни и ги повика САД и ЕУ да помогнат.

„До крајот на јуни очекувам дека се‘ ова ќе заврши, целата политичка криза. Има јасни сигнали за тоа од ЕУ и САД. Ќе испратат медијатори на преговорите и нема да дозволат да завлеземе длабоко во летото. Прерано е да кажеме дали ќе има избори. Но, некој мора да ни гарантира на сите дека Македонија ќе има фер и демократски избори, а тоа не може да биде Груевски. Ни треба преодна влада за да не‘ подготви за тоа“, рече Заев.

Слични содржини