Заев: Договорот ќе се потпише на македонски, бугарски и англиски

од desk3

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија премиерот Зоран Заев очекува да биде потпишан на три јазици, а со тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе го стави својот потпис практично ќе значи признавање на македонскиот јазик. Тоа е неговиот одговор на острите напади од опозицијата по неговото враќање од Софија каде што најави дека договорот ќе се потпише на Илинден во Македонија. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница се соочи со премиерот каде што ги повтори обвинувањата дека тој не ги почитува македонскиот народ и јазик и дека работи портив националните интереси. На тоа одговорија и пратениците од владејачкото мнозинство.

Заев исто објаси и зошто бугарскиот премиер Борисов е поканет токму на Илинден за да се потпишат на Договорот за добрососедство. Но премиерот  и натаму не открива што содржи Договорот со Бугарија се додека не се финализира текстот што би требало да се потпише. Во Брисел денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски  се сретна со бугарскиот премиер Борисов на маргините на состанокот на народните патии, но и тој не му открил

Не дознав ништо од него што се договорило на средбите минатите два дена во Софија и нормално е тоа да го дознаеме ние како опозиција и македонската јавност од моменталниот македоснкит премиер. Но, тие ги знаат нашите позиции ги реафирмирав позициите на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето на Договорот за пријателство со Бугарија. Истиот треба да се потпише но се разбира треба да се внимава што тој ќе содржи  и тоа да нема понатаму последици ниту за Бугарија, ниту за Македонија, македонскиот народ и за македонскиот јазик рече Груевски. Заев на собраниската седница практично расчисти некои од овие дилеми и во јавноста и кај опозицијата. Рече дека за отстранување на термии од учебниците ќе одлучуваат експерти, но се треба да се разјасни дури откако Договорот со Бугарија ќе биде потпишан.

Слични содржини