„Ние се повлекуваме од преговорите, на консултации во партијата. За нас, договорот од Пржино не е повеќе активен“, изјави за БИРН претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако Советот на јавни обвинители избра само 7 од 14-те кандидати кои ги предложи специјалната обвинителка Катица Јанева за нејзини помошници.

dogovor-przino

СДСМ децидно ја демантира изјавата на европскиот посредник во преговорите меѓу партиските работни групи, Питер Ванхауте, кој попладнево рече дека е постигнат договор за Изборниот законик. Од партијата велат дека договор не е постигнат и дека во текот на утрешниот ден, кога Заев ќе се врати од Израел, ќе се планираат наредните чекори.
„Не може да има разговори за постигнување договор, кога е прекршена основната точка од договорот – специјалниот обвинител сам да го состави својот тим. Советот на јавни обвинители требаше само да ја верификува одлуката на обвинителката. Тој нема ингеренции да врши систематизација и да оценува кои обвинители треба, а кои не, да бидат во нејзиниот тим“, велат од СДСМ.

Повеќе ТУКА

Слични содржини