Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати јавен повик за обединување на сите сегашни и поранешни структури во СДСМ во изборната битка против ВМРО-ДПМНЕ, што ја очекува партијата на 11 декември оваа година. Во последното интервју тој нагласи дека за успешно функционирање на партијата клучна е политиката на „отворени врати“, која, како што рече, подразбира вклучување на сите актуелни и поранешни функционери во СДСМ, но и интелектуалци и граѓани кои што можат да дадат придонес во политичкиот период што претстои. бц

Ваквиот повик на Заев доаѓа по прашањето за него како ги  коментра повиците на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорги Спасов, на Фејсбук и неговите пишувања во  колумната   во „Утрински весник“, во која тој оценува дека Советот на партијата на СДСМ, составен од членови кои порано биле министри, амбасадори, пратеници и функционери на партијата, има обврска да ги повика сите поранешни функционери на партијата на локално и на национално ниво кои од различни причини се пасивизирале, да му дадат целосна поддршка на сегашното раководство за победа на изборите.

„Со Бранко Црвенковски на неколку месеци пијам кафе. Примам совети, сакам да учам од неговото искуство. Испраќам апел да се вгради во овој процес, да даде свој коментар, да даде перцепција. Јас ги прифаќам неговите ставови. Вели, не сакам да велат Бранко пак влече конци од заднина. И Црвенковски и други луѓе од СДСМ поранешни раководства ги повикувам и ги замолувам да помогнат нивната партија да победи. Ние ќе победиме на 11 декември, но треба да бидеме сите заедно кога ќе победиме“, изјави Заев.

Сепак од кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски нема коментар  за овој инуден јавен  повик на Заев до БЦ и старите кадри.

ВО СДСМ има многу кадри од претходното раководство кои не се во игра со новите дечки на Заев, па токму поради тоа на конгресот кој ќе биде за десетина дена  за очекување е Заев да ги вклучи и покани сите  расположливи кадри, да го прошири раководството и да го активира целиот потенцијал  на СДСМ ,вклучително и поранешниот лидер Бранко Црвенковски.

Слични содржини