-Премногу е свежа таа лекција за да се однесуваме како да не сме ја научиле. Планот 3-6-9 и спроведувањето на реформите не е, и не смее да биде предмет на пазарење. Тоа ни е билетот за возот што ќе нè однесе во ЕУ и НАТО, а тоа е побитно и од ДУИ и од Алијансата и од СДСМ и од Заев, и од кого било од владејачкото мнозинство. Ако реформите и мирниот и квалитетен живот на граѓаните се пред сè и над сè, тогаш не треба да постои пречка тие да бидат прифатени и поддржани и од пратеници што до сега не беа дел до владејачкото мнозинство – посочува премиерот.

Тој возвраќа на нападите од Зијадин Села, дека концептот „едно општество за сите“ е голема лага.

-Граѓаните знаат се. Суштината во управувањето дури и во Гостивар, мора да биде прво интересот на граѓаните на Гостивар. Го слушам градоначалникот, зборува за заедништво, а ги смени сите директори и постави партиски луѓе. Го потврди фактички ВМРО-ДПМНЕ. Не сум дал инструкции, ниту имам намера. Апелирам на соработка од секаков вид во функција на доброто за граѓаните на Гостивар. И тоа важи за сите општини. Немам предрасуди, сите градоначалници ми се еднакви, секој град, село, граѓанин, зашто навистина верувам во концептот едно општество за сите. Тоа е можно во Македонија. До пред 1-2 или три години не беше можно – порачува Заев.